Невладината „Светла иднина 2009“ предлага дна следните парламентарни избори Египѓаните да настапат со независна листа, а носител на истата да биде охриѓанецот Демир Далип, како еден од најактивните  политичари кој се залага за реализирање на правата на оваа етничка заедница.

Ова листа се предлога да биде во 5 тата изборна единица, каде што најмогу ги има Египќаните, а се со цел истите да не бидат предмет на манипулација. Невладината „Светла Иднина 2009“ исто така предлага во ова листа да има место и за сите оние кои се залагаат за правата на самохраните мајки, хендикепираните, маргинилизираните, а како преставник на жените ја предлагаат Атеме Арслан.

Засега нема реакции од другите организации на Египќаните во врска со предлогот на невладината „Светла изднина 2009“.

OhridNews