-Иницијативата не треба да се политизира, бидејки со овој споменик би се идентификувале Египќаните како автохтон народ на овие простори, а споменикот би претставувал и своевидна туристичка атракција. Сметаме дека ова е можност Петрески да им се оддолжи на своите сограѓани Египкани и да биде прв што ќе ја поддржи оваа иницијатива.-вели Демир Далип, еден од иницијаторите за изградба на споменик на Изида во Охрид.
Од Граѓанската иницијатива уште информираат дека подршка ќе побараат и од ограноците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Охрид.
– Ова ќе биде еден вид и одговор на прашањето: Дали Египќаните се потребни само за избори или се почитуваат како граѓани во еден мултиетнички и мултиконфенсионален град? Не треба да го заборавиме и наредниот попис на населението, а овој проект ќе го врати чувството дека Египќаните се сопственици на своето, а не „кираџии“, во сопствената татковина – истакнуваат од Граѓанската иницијатива за изградба на споменик на божицата Изида во Охрид.