Поставувањето на спомен обележјето на божицата „Изида“ во Охрид, да се реализира што поскоро. Ова деновиве го побараа членовите на  Извршниот Комитет на ОПЕМ и невладината „Светла Иднина 2009“. Тие ги потсетуваат наделжните локални власти дека треба да ја почитуваат одлуката на градскиот Совет, за поставување на споменикот, која беше донесена пред извесно време.

-Ние, сакаме да веруваме дека, почетокот на летото, ќе биде реализирано, тоа што беше изгласано на Советот на Општина Охрид. Египќаните тоа го бараат, бидејќи имаат легитимно право на тоа, тие и се лојални граѓани и се даночни обврзници. Со поставувањето на спомен обележјето на ,,Изида” градот Охрид ќе добие и уште  една туристичка атракција, вели  Демир Далип, предводникот на движењето ОПЕМ.

Тој побара од надлежните да не го политизираат ова прашање, затоa што за него позитивно се произнесени  и советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

OhridNews