Како што најавуваат од ОПЕМ и Невладината „Светла Иднина 2009 Охрид“, утре нивни претставници, предводени од претседателот на ова движење, Демир Далип, ќе остварат средба со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Како што велат од ОПЕМ и Невладината Светла Иднина 2009, на средбата ќе се разговара за интеграција на Египќаните во институциите на системот, а ќе го запознаат претседателот и со останатите проблеми кои ги засегаат Египќаните.

OhridNews