
„Египќанската Влада“, според најавите, ќе има премиер и шест ресори, од кои три ќе се однесуваат на социо-економските прашања и проблематики, а посебно внимание ќе се обрати на секторот инвестиции, бидејќи, како што се наведува во соопштението, има многу Египќани од Македонија кои живеат во дијаспората, а сакаат да отворат свои бизниси во татковината.
„Египќанската влада“ ќе има млади министри, исклучиво со високо образование, стои во соопштението.












