Здружението на Египќаните во Р.Македонија по повод 18 годишнината од основањето синоќа во Охрид одржа трибина под наслов “Правата на Балканските Египќани во Р. Македонија- утопија или реалност”.


Уводно излагање на трибината одржа д-р Рубин Земон, претседател на Сојузот на Балканските Египќани и експерт на ОБСЕ/ОДИХР за прашањата на националните малцинства. Тој ја изложи состојбата со прашањето на политиката на Р.Македонија кон националните малцинства т.е. заедниците, при што укажа на извештајот на Советодавниот Комитет на Рамковната Конвенција за заштитата на националните малцинства од 02 Февруар 2005 година, каде се вели дека Р. Македонија треба да ја стави заедницата на Египѓаните под заштита на Рамковната Конвенција.Според Земон неопходно е најитно да се донесе Закон за заштита на правата и слободите на заедниците во Македонија.


Рубин Земон

На трибината учествуваа претставници на сите организации за Египќаните во Македонија, на Младинскиот Совет од Охрид, а од специјалните гости беше присутен и Проф. д-р. Стојан Ристески, автор на првата книга за Египќаните во Македонија “Народни приказни, преданија и обичаи на Египќаните во Македонија” објавена во 1991 година.


Стојан Ристески

Ohridnews