По албанската и турската, незадоволство од начинот на кој се планира да се спроведе престојниот попис изразија и заедницата на Египќаните.

Здружението на Египќаните во Македонија, Сојузот на Балканските Египќани и Здружението за мултикултурна интеграција- „Инклузија“, денеска на пладне на платото пред  Чинарот во знак на револт одржаа прес- конференција.


Како Египќани благовремено реагиравме до државната пописна комисија да има наши претставници во пописните комисии и наши инструктори. И покрај тоа имаме сознанија дека во Охрид и низ другите градови, нема да се вклучени наши претставници. Со оглед дека во Македонија живеат над 20. 000 Египќани, сметаме дека без наше учество пописот нема да биде реален. Ако не се исполнат нашите барања, најверојатно Египќаните ќе го бојкотираат пописот, бидејќи не сакаме да пополнуваме туѓи графи, бидејќи извесно е дека многу од Египќаните ќе се пишат како Роми или Албанци, рече Демир Далип, претставник на Египќаните од Охрид.


Вахид Мемед, претседателот на Здружението на Еѓипкани во Македонија, истакна дека ќе ги превземат сите правни механизми за алармирање на јавноста, народниот правобранител, а ќе достават и претставка до Комисијата за спречување на дискриминација.

Сме живееле години наназад тука и секогаш сме придонесувале во градењето на меѓуетничкиот соживот и демократијата, затоа треба да сме вклучени во целокупниот процес за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите, истакна Мемед.

Во знак на револт, од здруженијата на Египќани најавуваат мирен протест кој ќе се одржи во 5 до 12, на 23 февруари.

OhridNews