Претставници од ОПЕМ и Невладината „Светла Иднина 2009 Охрид“, вчера, остварија средба со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

На средбата се разговарало за најчестите проблеми со кои Египќаните се соочуваат.


– Разговаравме за интеграцијата, дискриминацијата, вработувањето, стипендирањето на студентите Египќани, како и за намалувањето на стапката на сиромаштија. Се пожаливме и што сеуште не сме внесени во преамбулата на Уставот на Република Македонија, вели Демир Далип од здружението “Светла иднина 2009”.

Како што истакнува Далип, од страна на претседателот Иванов било дадено ветување дека во иднина ќе се интензивираат контактите и соработката,  со цел да се надминат наведенит е проблеми.

OhridNews