Европската ракометна федерација – ЕХФ, ја повлече номинацијата на двајца судии од Северна Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, за Европското првенство мажи што од 15 јануари до 1 февруари ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Причина за повлекувањето на најдобриот македоснки судиски пар, се можни манипулации со видео од подготовки за првенството, соопшти ЕХФ. Во продолженија го пренесуваме соопштението на ЕХФ во цеслост:

Како дел од подготовките за настанот на ЕХФ ЕВРО, сите судиски парови мора да спроведат задолжителен тренинг за кондиција и проценка на физичката подготвеност.

Овој процес е дизајниран да обезбеди физичка подготвеност на судиите и усогласеност со стандардите за перформанси на турнирот.

Вклучува прикачување на две видео снимки од таканаречен „Тест за фитнес во повеќе фази“, еден од осум недели и еден од четири недели пред ЕХФ ЕВРО. Овие видеа ги оценува фитнес партнерот на ЕХФ, „Fitgood Pro“.

По поднесувањето на снимките од Николов и Начевски, Европската ракометна федерација беше известена на крајот на декември дека видеата поднесени од двајцата судии можеби се изменети и можеби не претставуваат точен запис од целиот тест.

Последователно, ЕХФ го анализираше материјалот дополнително од страна на експертите на „Fitgood Pro“ и го предаде снимката на својот партнер за интегритет „Sportradar“.

Деталната анализа откри докази дека постои голема веројатност видеата да се манипулирани.

Од достапните докази и за да се заштити интегритетот на машката ЕХФ Евро 2026, Европската ракометна федерација – по интерни консултации со раководството на турнирот на ЕХФ Евро 2026 – одлучи да ја повлече номинацијата на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Ќе има 17 номинирани двојки за машката ЕХФ Евро 2026, а функционалноста на судиската рамка на првенството останува целосно обезбедена.

Случајот ќе биде дополнително истражен, а ЕХФ го задржува правото да покрене правни постапки пред своите правни инстанци.

ЕХФ

Г.М.