Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во првиот меч од 3-то коло од ЕХФ Европскиот Куп. Вечерва во извондреден амбиент во салата “Билјанини извори” Охрид бодрен од верните „Рибари“ ја совлада екипата на Слога Добој 37:19.

Домаќинот одигра исклучително квалитетно во текиот на сите 60 минути, цврсто во одбраната и моќно во нападот што на Охрид му обезбеди солидна двоцифрена предност пред реваншот во Босна и Херцеговина идната сабота.

На голот на Охрид блескаше Кристијан Пилиповиќ со 19 одбрани. Нападот го предводеа Ѓукиќ и Петриќ со по 8 гола, Јагуриноски постигна 6 од исто толку обиди.

Статистика ГРК Охрид: Блажески (1 одбрана), Пилиповиќ (19 одбрани), Стрмљан 4 (4/4), Ојлески 1, Јагуриноски 6 (6/6), Иванковиќ 4, Кукуловски, Шипинкоски, Тасески 1, Реј, Саврески 1, Лиапис 3, Бојаниќ, Петриќ 8, Ѓукиќ 8.

Сериозно се подготвивме за натпреварот и така и пристапивме на играта. Слога е респектабилен противник но ние имаме сјајни навивачи со чија помош на крај славевме со 18 гола разлика кои се надевам ќе бидат доволни за пласман понатаму. Без флоскули, мислам дека треба да победиме и на гости, да потврдиме дека сме фаворити и да ја задржиме формата бидејќи тоа е добро за екипата, изјави по мечот голманот Пилиповиќ.
Охрид со +18 ќе патува на реваншот во Добој
Реванш натпреварот се игра во Добој на 22 ноември.
Г.М.
Фото: А. Момироска
















































































