Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во првиот меч од 3-то коло од ЕХФ Европскиот Куп. Вечерва во извондреден амбиент во салата “Билјанини извори” Охрид бодрен од верните „Рибари“ ја совлада екипата на Слога Добој 37:19.

Дарко Ѓукиќ мечот го завшти со 8 погодоци. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Домаќинот одигра исклучително квалитетно во текиот на сите 60 минути, цврсто во одбраната и моќно во нападот што на Охрид му обезбеди солидна двоцифрена предност пред реваншот во Босна и Херцеговина идната сабота.

 

Верни, берни „Рибари“! Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

На голот на Охрид блескаше Кристијан Пилиповиќ со 19 одбрани. Нападот го предводеа Ѓукиќ и Петриќ со по 8 гола, Јагуриноски постигна 6 од исто толку обиди.

Тилен Стрмљан стрелаше 4/4. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Статистика ГРК Охрид: Блажески (1 одбрана), Пилиповиќ (19 одбрани), Стрмљан 4 (4/4), Ојлески 1, Јагуриноски 6 (6/6), Иванковиќ 4, Кукуловски, Шипинкоски, Тасески 1, Реј, Саврески 1, Лиапис 3, Бојаниќ, Петриќ 8, Ѓукиќ 8.

Кристијан Пилиповиќ мечот го заврши со 19 одбрани. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Сериозно се подготвивме за натпреварот и така и пристапивме на играта. Слога е респектабилен противник но ние имаме сјајни навивачи со чија помош на крај славевме со 18 гола разлика кои се надевам ќе бидат доволни за пласман понатаму. Без флоскули, мислам дека треба да победиме и на гости, да потврдиме дека сме фаворити и да ја задржиме формата бидејќи тоа е добро за екипата, изјави по мечот голманот Пилиповиќ.

Охрид со +18 ќе патува на реваншот во Добој

Реванш натпреварот се игра во Добој на 22 ноември.

Г.М.
Фото: А. Момироска