Корпулетниот ракометар Немања Обрадовиќ и дефитивно ќе го засили тимот на Висла Плок, откако Европската куќа на ракометот ЕХФ пресуди во нивна корист во спорот со Металург.
Металург одбиваше да прифати оштета од 10 000 евра барајќи многу повеќе иако ракометарот инсистираше дека е слободен играч.
После загубениот спор клубот од Автокоманда испрати писмо до ЕХФ, во кое се заканува со повлекување од сите натпреварувања кои се под капата на ЕХФ.
– Целово ова разочарување кое го делиме со многу наши пријатели во ракометниот спорт не принудува сериозно да размислиме за нашето инвестирање и заложби во овој спорт и овој клуб.
Ве информираме дека раководоството на нашиот клуб ќе го преиспита учеството во Европските натпреварувања, во кои очигледно спортскиот дух е уништен од владеењето на посилниот. – стои во дел од соопштението на Металург.
Обрадовиќ подготовките ги започна со Висла, а по добиениот спор со Металург полскиот состав ќе го регистрира со право на настап во ЛШ.
OhridNews