Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го заборави голманот на Вардар во изборот на најдобрите за деветтата рунда во Лигата на Шампиони.
Штербик на дерби средбата со Рајн Некар Левен имаше 12 успенишни интервенции, а една од нив беше онаа со звукот на сирената која на „црвено црните“ им донесе реми (21-21).
Голманот на Вардар нема ниту една своја одбрана во најдобрите пет, а „резервираното“ место во тимот на колото му припадна на Никлас Лендин од Кил.
Видео прилозите од најдобрите во деветтата рунда можете да ги погледнете тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Андре Линдбое (Елверум)
Лев бек: Андреас Холст Јенсен (Алборг)
Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Десен бек: Албин Лагергрен (Кристијанштад)
Десно крило: Мариус Штајнхаусер (Флензбург)
Пикер: Бјорт Мирхол (Скјерн)
Голман: Никлас Лендин (Кил)
OhridNews