Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го помилува Паскал Хенс за црвениот картон, кој го доби Германецот на дуелот од 1/8 финалето со Вардар во Скопје.
Во финишот од натпреварот Хенс стартуваше остро врз Тимур Дибиров, кој поради сериозноста на повредата на окото ќе паузира три недели, а робусниот ракометар заработи црвен картон.
По прегледување на снимката ЕХФ ја укина суспензијата која следува за директен црвен картон и му прогледа низ прсти на Хенс.
Со неговата помош, а отсуството на Дибиров шансите за пласман понатаму на актуелниот Европски првак драстично се зголемија.
Мх.П.