Во екот на пандемијата со коронавирусот (Ковид -19), Европската куќа на ракометот (ЕХФ) одреди нови термини за елиминациските натпревари во Лигата на Шампиони и квалификациските дуели за пласман на Мундијалот во Египет следната година.

Одложувањето на Олимписките игри, на ЕХФ и остави голем простор за игра и распределување на термините во текот на целиот летен период. После новите термини, јасно е дека ЕХФ очекува стабилизација на ситуацијата  со коронаврисуто околу мај бидејќи на ракомеарите ќе им требаат барем десет дена подготовки.

Ракометната сезона ќе продолжи на 3/4 јуни со мечевите од 1/8 финалето во ЛШ. Помеѓу учесниците во ТОП 16 е и Вардар, кој е бранител на титулата. Реваншот од осминафиналето ќе се играат на 6/7 јуни. Победниците од осминафиналните мечеви, средбите од четвртфиналето ќе ги одиграат на 24/25 јуни односно 27/28 јуни. Зачудувачки е изборот завршниот турнир да се игра на 22 и 23 август, кога екипите ќе започнат со активностите за сезоната која доаѓа.

Баражите за учество на Мундијалот во Егиет ќе се одиграат на 17/18 јуну односно 20/21 јуни. Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Франција.

ЕХФ ќе (по)чека амин од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) за изборот на новите термини бидејќи може да се совпаднат со квалификациите за Олимписките игри. Краен рок за потврдување на термините е 15 мај.

OhridNews