НУ Библиотека “Григор Прличев“– Охрид во континуитет го збогатува книжниот фонд, на задоволство на љубителите на пишаниот збор.

Книгите „Ехо на слободата” од Ана Јовковска и „Синиот фенер” од Виктор Пелевин, се само дел од новите наслови кои членовите на библиотеката може да ги изнајмат во наредниот период.

Во понудата на охридската библиотека во идниот период се и книгите: “Марика и стравот” од Емилија Славковска, „Депа”од Милован Стефановски, „Пената на црниот бран” – Владимир Илиевски, „Меѓата на светот” – Митко Маџунков, „Горчливи води, слатки води” – Елена Кољадина, „Безумник” – Халил Џибран, „Дај шанса на детството” – Викторија Македонска и „Боите на детскиот свет” од Вера Благојевиќ.

OhridNews