Европската комисија (ЕК) ги повика политичките партии во Македонија заеднички да работат за да постигнат уставно мнозинство, при тоа поздравувајќи ги напорите на претседателот Ѓорге Иванов за средби со лидерите на политичките партии во обид да се донесе одлука за доделувањето на мандатот.

Во одговор на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, пак, ЕК да појасни врз која основа се очекува Иванов да назначи лидер за формирање на широка влада, Коцијанчич одговори дека „потребен е широк политички консензус и широка коалиција за справување со бројните предизвици“.

„За имплементирањето на реформските приоритети, Пржинскиот договор и решавањето на билатералните спорови ќе треба силна посветеност со сите политички партии“, порачуваат од ЕК.

OhridNews
извор Макфакс