Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изрази сочувство со Турција за конфликтот во Сирија, но рече дека е неприфатливо за Анкара да ги пушти бегалците и мигрантите од нејзината територија кон Европа. „Признавам дека Турција е во тешка ситуација во однос на бегалците и мигрантите. Но, она што го гледаме сега не може да биде одговорот или решението“, рече таа на прес-конференција.

Дер Лаен ќе ја посети грчко-турската граница, а Бојко Борисов, премиер на Бугарија, која исто така граничи со Турција, треба да се сретне со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, подоцна во Анкара.

Земјите членки на ЕУ водат борба за договор за заедничка позиција кон Турција, која наведува дека повеќе нема да го почитува договорот од 2016 година со ЕУ бидејќи ескалацијата на војната во Сирија испраќа нов бран бегалци на нејзината територија.

ЕУ исто така е остро поделена за тоа како да го сподели товарот на грижа за бегалците и мигрантите што пристигнале на нејзината територија од 2015 година.

Грчката полиција се судри за време на викендот со илјадници мигранти кои бараа да влезат во ЕУ од Турција.

OhridNews

Макфакс