
„Ние разбравме дека партиите се блиску до договор. Ги охрабруваме сите партии да ги направат потребните преостанати чекори во поглед на имплементирање на обврските од договорот од јуни/јули. Ова е исто важно во котекст на претстојниот Извештај за напредокот“, изјавила Коцијанчич.
Извештајот за европскиот напредок на Македонија и останатите земји од западен Балкан ќе биде објавен во вторник, а препораката за почеток на преговори со ЕУ, која за земјава во последните шест години беше позитивна, овојпат зависи од целосната имлементација на договорот од Пржино.
OhridNews
Извор:„Макфакс“











