На Регионалниот натпревар по прва помош, кој се одржа во Скопје, екипата на Црвен крст Охрид во конкуренција на 14 екипи го освои третото место.

Екипата го понесе и третото место на пунктот за дисеминација каде ги прикажа своите знаења за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Следуваат подготовки за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2025 година, посочуваат.
OhridNews














