Екипата на Кафе бар 9 триумфираше на 19 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти. Во финалето што се одигра вечерва пред полни трибини, Кафе бар 9 ја совлада екипата на Бел Мерцедес со 6:0, полувреме 2:0.

Резултатот го отвори Лука Богданоски во 13 минута, а Филип Вранишкоски во 20 минута зголеми на 2:0.

Во вториот дел Кафе бар 9 продолжи фуриозно. Во 29 минута веќе беше 3:0, а стрелец на голот беше Лука Богданоски. Во 34 минута Оливер Колоски зголеми на 4:0, две минути подоцна Јован Китаноски стрелаше за 5:0, а во 36 минута Кристијан Цацаноски го постигна шестиот гол на Кафе бар 9.

Во малото финале, претходно, АСП ПАК со 6:0 ја совлада екипата на Дооел Ноче.

Победникот на турнирот освои 130.000 денари, второпласираната екипа 55.000 денари, третата 30.000 денари, а четвртата 5.000 денари.

За најдобар играч на турнирот прогласен е Јован Китаноски од Кафе бар 9, а најдобар голман е Тони Прчакоски исто така од победничката екипа на Кафе бар 9.

Наградата на првопласираната екипа ја додели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, за второ место Сашо Донев – пратеник во Собранието на Р. Македонија, за трето место Александар Китески – секретар на општина Охрид, за најдобар играч Коста Трифуноски – претседател на здружението „Велгошка Гордост“, а за најдобар голман Кире Пердулоски – советник во Општина Охрид и претседател на МЗ Велгошти.

Фото галерија:

Екипата на Кафе бар 9 го освои турнирот во мал фудбал „Велгошти 2024“

Г.М.
Фото: А. Момироска / Бобан Стојаноски