Еден од фаворитите на 51-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, поради непланирани обврски го откажа учеството. Тоа значи дека нема да ги одигра предвидените три натпревари вечерва, а организаторот одлучи екипите да добијат слободен ден.

Соопштението на организацискиот одбор на турнирот го пренесуваме во целост:

Драги екипи, редовни гости на 51-от турнир во мал фудбал „Петровден“ – Мешеишта!

Сакаме накратко да ве известиме дека екипата на „Компанија Атанасовски“, поради свои непланирани обврски, пријателски се повлече од понатамошниот дел од турнирот. На момците им посакуваме сè најдобро и се надеваме дека дека следното лето ќе истрчаат на теренот во Мешеишта.

Бидејќи оваа екипа требаше да ги изигра сите три натпревари закажани за денес, истите, согласно пропозициите на турнирот, ќе бидат регистрирани со службен резултат во корист на нивните противници.

Поради тоа, денеска ќе биде слободен ден на турнирот.

Искористете ја оваа слободна вечер за мал одмор, па продолжуваме утре со истото силно темпо и одличен мал фудбал!

Организациски одбор на Турнирот „Петровден“ – Мешеишта

Г.М.