Во малото финале на 20-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал во Велгошти, вечерва, Сатеска од Волино ја совлада екипата на Стоматолошки центар Др. Баткоски со 3:1 и го освои третото место на турнирот.
Сатеска беше подобар противник, особено во првото полувреме кога со три гола го реши натпреварот. Екипата на Стоматолошки центар Др. Баткоски не се предаде. Во вториот дел почна поагилно во нападот, креираше шанси, но голманот на Сатеска беше на висина на задачата. До крајот на мечот неговата мрежа се затресе само еднаш за конечни 3:1.
Третопласираната екипа освои 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари.
Во големото финале што се игра исто така вечерва, се среќаваат екипите на Гранит Х и АСП ПАК.
Г.М.