ШК Ласкер Охрид со своја екипа во категорија U14 учествуваше на Екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 08 до 18 години во шах, во организација на Шаховска Федерација на Македонија, што се одржаа во Скопје.
Екипата на ШК Ласкер Охрид- U14 го освои третото место со четири победи, едно реми со екипата на ШК Алклоид Скопје и дав порази. За екипата на ШК Ласкер Охрид – U14 настапија: Павел Мишески, Јован Пуроски, Мартин Серафимоски, Ивана Момироска и Драган Анѓелески, информираат од клубот.
Посочуваат дека во категорија U14 учествувале 8 екипи, а првенствата се играле на четири табли, по Бергер систем (секој со секого), со темпо на игра 60 минути со 30 секунди додаток на секој потег.
Учеството на Екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 08 до 18 години е согласност Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.
На првенстват во сите категории учествуваа 179 момчиња и девојчиња од 08 до 18 години.
OhridNews