„Сите туристи, сите граѓани на светот кои се приклучени на интернет пребарувачот Google и ќе пребаруваат Охрид, Скопје или актуелни туристички места од Македонија, ќе може да ги видат како изгледаат тродимензионално, онака како што е реално“, изјави министерот за информатичко општество Иво Ивановски, во вчерашното интервју за телевизија „Сител“ .
-Најзначајно за нашите граѓани е тоа што Google ќе испрати свое возило со кое ќе направи снимки од позначајните туристички места во Република Македонија за нивната платформа „street view“. Следната недела доаѓаат претставници на Google за да можеме да ги видиме сите значајни локации, рече министерот.
Тој најави дека ќе бидат измапирани уличките од цела Македонија, за туристите кои ја користат мапата на Google-пребарувачот, додавајќи дека мапирањето може да го прави секој граѓанин, бидејќи истото ќе биде од отворена платформа.
Ивановски меѓудругото потецираше дека еден од најзначајните проекти во моментов е воведувањето на кириличниот домејн-мк, кој според проценките ќе придонесе за сочувување на македонскиот идентитет, писмото и јазикот.
OhridNews












