После нестабилното време кое го зафати Охридскиот регион, проследено со засилен ветер и обилни врнежи, оперативните служби се на терен и максимално ангажирани да се санираат последиците, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Безбедно се отстранети и транспортирани две дрвја од „Кеј Македонија” и Горица 1, кои под налетите од силниот ветер се скршија, додаваат од претпријатието.

Потенцираат и дека се спроведуваат голем број вонредни активности за одржување на јавната чистота по јавните површини во централното градско подрачје, периферијата и градскиот кеј.

OhridNews