ЈП„Охридски Kомуналец” се вклучи во санирање и нормализирање на состојбата после големиот дефект кој се случи со водоводната цевка кај Билјанини Извори, информираат од претпријатието.

Ангажирани се цистерни за миење на улици кои во повеќе наврати ги расчистуваат најпогодените улици и локации. На некои места рачно се мијат јавните површини, се отстрануваат наносите од земја, песок и друг наталожен материјал покрај коловозите и тротоарите, се метат површините рачно и машински, додаваат.

На локациите, потенцираат, каде се наталожени поголеми количини наноси е ангажирана и специјална механизација за расчистување.

OhridNews