После елиминацијата од Копенхаген во квалификациите за пласман во Лигата на Шампионите, скопските „црвено црни“ европските мечеви ќе ги продолжат во Лигата на Европа.

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе биде сместен во групата неносители поради послабиот рејтинг на УЕФА листата во однос на другите клубови.

Во групата на носители се екипи како Евертон (Англија), Милан (Италија), Атлетик Билбао (Шпанија), Олимпик Марсеј и Бордо (Франција), Фенербахче (Турција), Зенит (Русија) кои треба вечерва да го осигураат пласманот во следната четврта фаза во најмасовното клупско натпреварување.

Ждрепката за паровите во четвртата квалификациска рунда закажана е во петок со почеток во 13 часот.

OhridNews