Во спортската сала „Билјанини Извори“ вчеравечер се одиграа возбудливите полуфинални натпревари од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“, кои понудија одлична игра, голема борба и вистинска спортска атмосфера.

- Полуфинале 1: Гранит X – ЈП Охридски Комуналец – 2:2 (4:2 пенали)
- Полуфинале 2: Гостилница кај Мече – АСП ПАК – 1:8.
Со овие натпревари, го добивме и составот на големото финале во кое ќе се сретнат Гранит X и АСП ПАК, додека во борбата за третото место ќе се сретнат екипите на Гостилница кај Мече и ЈП Охридски Комуналец. Финалните натпревари ќе се одиграат утре, на 7 ноември, во чест на Денот на ослободување на Охрид со почеток од 21 (трето место) по што ќе се игра финалето, информираат од ЈП „Билјанини Извори“.
Најавуваат спектакуларно затворање на турнирот, натпревар исполнет со емоции, фер-плеј, спортски дух и многу енергија.
Да го прославиме празникот со спорт и дружење!, порачуваат.
OhridNews














