По налог на општина Охрид, јавните претпријатија „Ниско Градба“ и „Градски гробишта“ , денеска вршеа уредување на централното градско подрачје по повод порестојниот празник „Богојавление – Водици“.
Екипи на ЈП „Градски гробишта“ ги санираа оштетените делови од патеката на градското пристаништа, додека ЈП „Ниско Градба“ ги обновува оштетените бекатон плочки во централното градско подрачје и на улицата „Гоце Делчев“.
Исто така, во селото Велгошти се санираат одводните канали за атмосверска вода.
OhridNews