Службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”, надлежни за зимско одржување на територијата на град Охрид и околните места, излегоа на терен со започнувањето на вчерашните врнежи од снег, информираат од ова јавно претпријатие.


Во два наврати, од 18 часот попладнето и од 4 часот во раните утрински часови, екипите излегле на терен со специјални возила за расчистување на снег (две соларки и две епохи) со кои се посипувало 35 кубици сол и ризла по коловозите.


Во текот на ноќта било интервенирано по сообраќајниците во централното градско подрачје и периферијата, како и селата : Долно и Горно Лакочереј, Скребатно, Лескоец и Велгошти. Денеска се интервенира по сообраќајниците до села Велестово, Исток, Рамне, Коњско, Елшани и други околни села.

Од 4 часот утрото се ангажирани и 30 работници за расчистување на тротоарите и стариот дел од градот.

OhridNews