По реакции на жители, а по претходно добиен налог од Комуналната инспекција, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец”  деновиве пристапија кон расчистување на запуштен просторот, во приватна сопственост на улицата ”Партизанска”, на потегот меѓу црквата “Св.Никола” и ФТУ-Охрид.


За да се расчисти просторот обраснат со трња, високи треви и коров, беа потребни три дена и ангажираност на 10 работници и специјална механизација.


– Нашите екипи извршија отстранување на трњата , сувите гранки, ги уредија крошните од дрвјата, а потоа со специјална механизација беше израмнета и  земјата, информираат од јавното претпријатие.

OhridNews