Екипите на ЈП Охридски Комуналец ангажирани на терен на повеќе локации низ градот, информираат од претпријатието.

По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, во петок на 30-ти септември, нашите екипи темелно го расчистија просторот околу истоимената црква во населба Лагадин. Хортикултурно е уреден дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта со украсни садници од сопствено производство, велат.

Во изминативе денови биле спроведени и активности и за расчистување на кејот.

Поради засилениот јужен ветер големи количини реса, алга и други отпадоци секојдневно се натрупуваа по кејот и во крајбрежниот појас. Со овие активности продолжуваме и во следните денови, додаваат од претпријатието.

OhridNews