Поранешниот сопственик на Формуал 1, Берни Еклстон изјави дека секогаш е подготвен да им помогне на новите сопственици ако се соочат со некакви проблеми.

Понеделникот излегоа голем број на написи во кои се шпекулира дека Либерти Медија сакаат да го продадат овај спорт, а одма другиот ден промотерите на трките издадоа соопштение дека не се задоволни од насоката каде се движи Формула 1.

Заради тоа Берни излезе со свое соопштение дека сака да помогне. – Ако им требам спремен сум да помогнам но тоа зависи од нив. Јас сум само вработен во компанијата и ќе работам она што ќе ми речат. Не сакам да се лажеме, но исто така не сакам да го видам овај спорт, кој јас го креирав, да го гледам како пропаѓа. Тука сум.

OhridNews