Активисти на „Чист Охрид“ и граѓани собраа 15-тина вреќи ѓубре од плажата кај поранешната детска болница во Охрид. Исчистена беше уште една мини депонија.

Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме велат од „Чист Охрид“.

Веруваме во Охрид, веруваме дека нашиот дом, нашето езеро нашите извори на живот без кој не можиме да опстоиме ќе бидат бисер како што и навистина заслужува да биде раритетниот наш Охрид и Охридско Езеро велат од здружението „Енхелеус Лихнид“.

И денес му објавивме војна на ѓубрето и несовесноста. Од старата руина односно Специјалистичка ординација по радиодијагностика со компјутеризирана томографија теренот до хотел Гранит беше битката каде што издвојувавме победа со ѓубрето, рекоа од здружението по акцијата.

Во акцијата за чистење на мини депонија создадена од несовесни граѓани беа вклучени активисти на „Чист Охрид“ заедно со „Енхелеус Лихнид“ и „Еко Туризам“.

OhridNews