По повод Светскиот ден на водата, денес спроведена еко акција во водите на Охридското Езеро во изворите кај Калишта.
Од езерото извадивме околу 7-8 вреќи отпад, претежно пластика, чадори, делови од чадори. Целта на ваквите акции е токму подигнување на свеста кај луѓето. Ние не можеме да го исчистиме езерото, ако постојано се фрла во него отпад. Треба да се подигне свеста да не се фрла отпад, да ги зачуваме чисти водите, велат од нуркачкиот клуб „Пена“ од Тетово.
Оваа година, додаваат од клубот, планирани се 11 акции, од кои денешната е втора по ред во водите на Охридското Езеро, а првата беше спроведена за Нова година кај Св. Наум.
За тековната година планирани се уште три до четири вакви акции во водите на Охридското Езеро, како и во другите езера во државава, а три се планираат и за надвор од државата, додаваат од клубот.

Н.С.Ј.












