Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и Еколошкото друштво ЕКО ФАП од Охрид, реализираа еко акција во близина на авто кампот „Љубаништа“ и на брегот на Охридското Езеро во атарот на Љубаништа.

Засадивме зимзелени дрва, а потоа на местото каде што се влева реката Черава во Охридското Езеро, им се придруживме на вредните ренџери и заедно, собравме околу 8 метри кубни отпад. На овој начин, ИПА Охрид се придружи кон акцијата IPA GREEN Plant tree event која се реализира од 19 април до 4 мај, по повод Светскиот ден на дрвото, велат од ИПА Охрид.

OhridNews