Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), Скопје, во рамки на проектот “Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”, денеска, организира презентација на ботаничката разновидност од Илинска-Плакенска Планина.
Настанот ќе се одржи на плоштадот Чинар со почеток од 11.00 ч. и ќе трае до 13.00 ч. Презентацијата опфаќа изложени фотографии и хербариум со видови растенија од планината, давање објасненија и совети за нивно користење во медицински цели.
Целта на настанот е да ја подигне свеста на населението и да едуцира за значајни растенија од флората на Илинска-Плакенска Планина кои имаат медицинско-комерцијално значење, односно се експлоатираат најмногу од страна на локалното население, информираат од ЕД „Грашница“.
OhridNews