Тридневен планински настан исполнет со филмски проекции, планинарски искачувања, виа ферата, еко тура, добра музика и дружење во срцето на Националниот парк Галичица насловен „Еко ехо на Галичица“ ќе се одржи во периодот од 20 до 22 јуни.
Настанот е во организација на АК Патагонија и Културолошката иницијатива 5 до 12, во соработка со ЕХО Фестивал и НП Галичица, поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), а активностите ќе се реализираат во планинска куќа „Спиридон“ во Националниот парк Галичица.
Филмските проекции се бесплатни, а целосната програма ќе биде објавена наскоро. Повикај пријатели, пријави се на време и стани дел од планинската авантура!, порачуваат организаторите.
Заинтересираните може да се пријават на линкот. Преку формуларот се врши пријава за oрганизиран бесплатен превоз од/до Охрид, учество на Виа Ферата, како и пријава за бесплатен влез со сопствено возило во НП Галичица.
Краен рок за пријавување е 18 јуни до 15:00 часот.
OhridNews