Акција за подигнување на кабаст отпад во Стариот дел на градот ќе спроведе Здружението ЕКО ФАП Охрид во сабота и недела.

ЕКО ФАП ќе постави свое возило на паркингот Горна Порта, Стар дел на градот со цел можност да одложување на кабаст отпад. Со оглед дека возилото не може да дојде до други локации во Стариот дел ве молиме предметите да ги донесете со свој транспорт до паркингот Горна порта, информираат од Здружението.

Додаваат дека треба да се депонира исклучиво кабаст отпад и истиот да се распоредува правилно почнувајќи од напред кон назад во товарниот простор.

Возилото ќе биде поставено на локацијата од сабота 12.03.22 од 9.00 часот и цело време ќе биде достапно за товарање се до недела 13.03.22 до 18.00 часот, потенцираат од ЕКО ФАП.

Воедно информираат дека граѓаните за оваа услуга немаат никаква друга обврска кон ЕКО ФАП освен самостојно товарање на отпадот.

OhridNews