Во рамки на проектот „Промовирање на земјоделството со високи природни вредности и агро-еколошки плаќања преку граѓанските организации“, што го реализира еколошкото друштво „Грашница“, денеска во Центарот за култура (12.30ч.) свечено ќе биде отворена изложбата: „Земјоделие со високи природни вредности, заштита на животната средина“.
Во рамки на проектот во тек е и училишен натпревар – акција „Ден за дружење и уметност“, што се реализира во О.У. „Братство – Единство“ – Охрид.
Изложбата е од патувачки карактер и досега ја имаат видено граѓаните од повеќе градови ширум државата.