„ЕКО-ЛАГ“ од Охрид повторно донираше капачиња во рамки на иницијативата „Секое капаче е вредно“
21.06.23 15:14
Еколошкото друштво „ЕКО-ЛАГ“ од Охрид продолжува со донирање на капачиња во рамки на иницијативата „Секое капаче е вредно“.
Денес по повод Денот на Езерото, здружението донираше 2000 капачиња кои беа ставени во специјалната конструкции за собирање пластични капачиња на градскиот плоштад. Заедно, со акцијата од минатата година „ЕКО-ЛАГ“ досега има донирано 10 000 капачиња.
Од здружението велат основната цел е со собирање на капачиња од пластичната амбалажа да се помогне во реконструкцијата на детските клиники во државата, а преку својот пример се надеваат ќе бидат поттик и другите во Охрид, било да се поединци, фирми, здруженија да се приклучат кон акцијата.
Главна цел на проектот „Секое капаче е вредно“ е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња се превземаат за рециклирање преку што директно се помога на подобрување на животната средина. Хуманитарниот аспект на овој проект е насочен кон сите детски одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување на подобри услови за лекување.
Во Охрид специјални конструкции за собирање пластични капачиња има на две локации кај плоштад Мини Маркет и пред ресторан Летница на самиот влез од чаршијата.
На 03102026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 38-годишно лице од Охрид Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга По целосно документирање на настан...
Проектот за реконструкција на кеј „Македонија“ е во завршна фаза Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се уреди кејот и ќе добие нов изглед и организиран начин на поставување н...
Поставени нови информативни табли и натписи на сите четири влезови на градскиот пазар во Охрид Како што информираат од ЈП „Градски Пазар“ – Охрид дополнително, во тек е и поставување на соодветни...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.