Купишта најразличен цврст отпад, покуќнина, градежен жут, земја и што ли уште не секојдневно никнуваат во природата околу нас. Речиси се што е непотребно, а е отпад, завршува таму. На фотографиите што ни ги испрати читател од населбата Видобишта, се гледа како локален жител одлага нешто на дива депонија каде има од се по нешто.

За жал, посочената е една од многуте диви депонии во градот и околината. По се изгледа нема да биде ниту последна имајќи го во вид фактот дека изградбата на долго најавуваната современа регионална депонија не е на повидок, не е отпочнат сериозен процес на селекција на отпад,  а не постои ниту фабрика за негова преработка. Ако на ова се додаде и ниската еколошка свест, состојбата е повеќе од алармантна.

OhridNews