Во понеделник, 9-ти јуни, во периодот од 12:30 до 14:30 часот во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи Еко пазар.

Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и зачувана облека, со што ќе ги поддржат училиштата во нивните обиди да ја подигнат свеста за текстилната индустрија, како втор загадувач на глобално ниво, информираат организаторите.

Собраните средства од пазарот и селектираните пластични шишиња ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

OhridNews