Во рамки на акцијата „Македонија без отпад“, екипи на ЈП „Охридски Комуналец, денеска, го расчистуваа влезот на Охрид од клучката до Подмолје, од двете страни на магистралниот пат што води до Кичево.

-Собрани се четириесетина вреќи најразличен ситен отпад, пластика, хартија и друго. Во акцијата учествуваа само вработени на јавното претпријатие бидејќи се работи за специфичен простор каде има голема фрекфенција на возила.-изјави директорката на ЈП „Охридски Комуналец Елена Скрческа.


Елена Скрческа – директор на ЈП „Охридски Комуналец“

Исто така денеска, во организација на локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие на просторот на поранешниот полигон за мали спортови се спроведе акција за собирање електронски отпад. Граѓаните тука одлагаа стари електрични апарати и друг електронски отпад, кој согласно законот соодветно треба да биде третиран. За таа цел јавното комунално препријатие постави специјален контејнер, каде ќе се собираат сите тие апарати, додаде Скрческа.

Надлежните ги потсетуваат граѓаните дека согласно измените во законот за отпад, од 1.1.2015 година, повеќе нема да се организираат собирни акции за електронски отпад. Третирањето на овој вид отпад од следната година ќе биде обврска на компаниите кои се занимаваат со дистрибуција и продажба на електронска опрема, а исто така ќе биде отворен собирен пункт за електронски отпад во рамки на ЈП „Охридски Комуналец“.

Инаку, акцијата „Македонија без отпад“, ја организираат Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

Г.М.