Желбата за натпреварување кај велосипедистите преовладуваше пред, ладното време и калливата патека. Учество на натпреварот имаа пријавено 41 велосипедист, од 5 клубови.
И покрај сончевото утро кое влеа надеж кај сите дека врнежи повеќе нема да има, натопената патека има зададе големи проблеми на велосипедистие. Карактеристичната за Галичица црвена земја на моменти претворена во глина, во голема количина се лепеше по тркалата и менувачите на брзини. На моменти велосипедистите застануваа да ги исчистат, а сето тоа доведе до зголемување на времето по извозан круг. Во текот на натпреварот судиите поради преголемо оддолжување, направија корекција и скратување на бројот на кругови.
Патеката Крсти е карактеристична по својата конфигурација и важи за најекстремна и технички најзахтевна патека во Македонија. Стрмниот спуст под село Рамне низ карпестиот предел на Глувче Дол, беше невожмозно да се вози поради големиот број на шилести карпи кои се појавија после поројните дождови. Овој предел сите велосипедисти го поминуваа со велосиедот во рака. Голем дел од велосипедистите со пожалија на оштетена опрема, и не го завршија натпреварот,а не беше мал ни бројот на падови. За среќа падовите беа без поголеми повреди, медицинската екипата и тимот за спасување на непристапни терени при Црвениот Крст од Охрид воопшто не интервенираше.
Тимот на Екодром се покажа како најподготвен за сезоната, како домаќини и добри познавачи на патеката се закитија со севкупно 6 медали во лиценцираните категории и три пофалници во категоријата на рекреативци – хоби. Со скромна свеченост пред спортската сала Билјанини Извори, наградите ги доделија Претседателот на Сојузот на Спортови на Охрид, Г-дин Коста Карадимче, Претседателот на ВФМ, Г-дин Сашо Димитријовски, Директорот на ЈП Охридски Комуналец Г-дин Сашо Алчев, и претставниците на управниот одбор на ВК Екодром Г-ѓа Марија Илиевска Тодоровска, Г-дин Ѓорѓи Упевчески и Г-дин Никола Тодоровски.
Редослед на постигнати резултати според категории:
Елит – Сениори
1-место, Бленди Троци – Екодром, Охрид
2-место, Никола Грбиќ –
3-место, Горан Кузмановски – Енерџи, Скопје
Јунори
1-место, Јован Јованоски – Екодром, Охрид
2-место, Петар Упевчески – Екодром, Охрид
Кадети
1-место, Новица Велјаноски – Екодром, Охрид
2-место, Филип Петрески – Екодром, Охрид
3-место, Антонио Бујароски – Екодром, Охрид
Жени
1-место, Анета Антовска – Енерџи, Скопје
2-место, Сара Пешликоска – З‘ш точак, Охрид
Мастерс
1-место, Љубиша Кондев – Енерџи, Скопје
2-место, Лазе Миновски – ЕБТС, Скопје
3-место, Стојан Хаџи Јефтимов – Свиок, Радовиш
Ја користам оваа прилика да се заблагодарам за поддршката од страна на раководството на спортската сала кои ни удоволија на барањата, велосипедистите да можат да ги користат просториите и туш кабините во спортската сала. Според календарот следниот натпревар во планински велосиепдизам е на 14.04 по падините на Водно, во дисциплината ридско искачување во организација на ВК Енерџи од Скопје.