
Оваа благородна акција има долгорочни цели и носи еколошки и економски бенефит за нашата општина и за Република Македонија. Кинескиот филозоф Конфучиј во една од неговите мудрости вели дека покрај другото, во својот живот човек мора да посади барем едно дрво. Да го сториме тоа и да докажеме дека мислиме глобално, а дејствуваме локално, велат од ЕД „Грашница“.
Во големата акција за пошумување предвидено е во Охрид на локалитетот Мауцкер да бидат засадени 10.000 дрвца. За сите граѓани кои што сакаат да се приклучат на акцијата организиран е бесплатен превоз со автобуси и комби возила кои ќе тргнуваат во 10, 10:30 и во 11 часот од три пункта: „Макси Де“, Нова автобуска станица и од пред „Тим маркет“.
ohridnews











