Екологистите од Југоисточна Европа расправаат за состојбата на Дримскиот басен
26.09.11 15:32
Во Подгорица, Црна Гора во тек е работна средба на иницијативата на Европската Комисија за Регионална еколошка мрежа во Југоисточна Европа(РЕНА) . Во групата за управување со водни ресурси како показен басен за управување е земен басенот на реката Дрим, базирано врз досега постигнатит ерезултати од прекуграничната заштита со Охридското Езеро и процесот Дримски Дијалог. Целта е да се искористат механизмите на ЕУ како што е Рамковната директива за води за подобра карактеризација на водните ресурси и нивна заштита од прекуграничен аспект.
Во своето излагање, преставникот на МЖСПП Дејан Пановски, го истакна клучниот проблем за Охридското езеро- управувањето со реката Дрим , посебно примерот со однесувањето и регулацијата во сушен период како што беше 2000 година и во влажен период како што беше 2010 година. Како што беше истакнато, преку вакви примери се гледа важноста на управувањето и носењето добри и прецизни одлуки и потребата за прекугранична координација и отвореност кон јавноста за овие процеси.
Во Подгорица се одржува и Националната консултативна средба за Дримскиот процес на која треба да учествува и Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски ,како и 4- тиот состанок на Кор групата за управување со Дримскиот Басен.
” Влегуваме во завршница на првата фаза наречена Дримски Дијалог. Работиме на документот Анализа на состојбата на Дримскиот Басен и го финализираме текстот за Заедничката Визија за Басенот кој треба да биде потпишан од Министрите на 5 држави во Басенот. Овие два документи ќе и бидат на државите основа за настап пред донаторската заедница. Потоа од наредната година треба да се започне со активности во басенот, поврзани со заштита на биодиверзитетот од кои заштитата на Езерани и на Студенчишкото блато ќе бидат први мерки во кои ќе влезат и локалните самоуправи – вели Дејан Пановски од Одделението за управување на басенот на реката Црн Дрим при МЖСПП.
СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17022026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат п...
Камион MAN за собирање смет во вредност од 30000 евра како донација доби Општина Дебрца која ќе ја користи ЈКП Дебрца Донацијата му беше предадена на градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски од ...
Денешните мерења на Центарот за јавно здравје Охрид на мострите од изворот „Шум“ од каде се снабдува со вода Струга и околните населени места покажуваат матност од 3,62 NTU Во градот на мерните мес...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.