Многу е рано Охридското Езеро да се дава под концесија за стопански риболов, сметаат екологистите. Според Лазо Наумоски, независен екологист, рибниот фонд во Езерото се’ уште не е стабилизиран, а одлуката за давање под концесија е избрзана и бесмислена.

Тој предлага Македонија да поработи повеќе на искористување на средствата од фондовите на ЕУ за подобрување на заштитата на охридската пастрмка, што подразбира и регулирање на меѓусебните обврски со Албанија.

-Неминовно е да се работи во правец на формирање на мешовито билатерално претпријатие помеѓу Република Македонија и Република Албанија, односно на локалните власти  на Охрид, Струга и Поградец, вели Наумоски.

Според него најдобри и најодговорни идни концесионери на Охридското Езеро во заштитата, порибувањето и изловувањето на рибниот фонд можат да бидат централната власт и локалните власти на Охрид, Струга и Поградец.

OhridNews