
Реагираше граѓанското движење „OHRID SOS“, кое бара да се санкционира ЈП „Нискоградба“, под чија надлежност е одржувањето на канализационата мрежа во општината.
„Секој грам човечки фекалии содржи отприлика 100 милијарди бактерии, кои може да содржат разни вирози, паразити и други микроорганизми опасни за животната средина и луѓето. Самиот процес на разградување на фекалиите значително го намалува кислородот во водата, што за некои видови може да биде кобно“. – се вели во реакцијата на граѓанското движење „OHRID SOS“.
Од ЈП Нискоградба во допис до медиумите објаснуваат дека не се работи за испуштање на фекалии, туку на вода од атмосферската канализација, поради дефект на пумпната станица на ул. „Коста Абраш“ предизвикан од обилните врнежи на дожд. Тоа довело до поплавување на машинскиот дел на шахтата од пумпната станица со атмосферска вода. Од Нискоградба информираат дека атмосферските води од шахтата биле испумпани во езеро бидејќи не е дозволено истите да се испуштаат во фекалната канализација.
OhridNews












